Расмусен: Вратата на НАТО е отворена за Србија

Од:

Србија мора да ги изработи домашните задачи и да ги спроведе неопходните реформи, а нашата врата е секогаш отворена, изјави генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

Тој нагласи дека влезот на Србија во НАТО зависи во голема мера од одлуките и посветеноста на самата држава.

– Позицијата на НАТО е дека нашата врата е отворена, секако под услов земјите заинтересирани за влез да ги исполнуваат условите и критериумите.

– Србија знае што треба да стори – да ја изработи домашната задача, да ги спроведе потребните реформи. Нашата врата не се отвара автоматски, морате да ја покажете вашата добра волја. Кус одговор за Србија е – ние сме подготвени кога вие сте подготвени, рече генералниот секретар на НАТО.

Расмусен во интервјуза „Курир“ изјави дека одлуката на ЕУ за почеток на преговорите за влез на Србија е вистинска одлука, која покажува колку може да се постигне низ реформи и дијалог.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ