Заврши ликовната колонија „Карпино 2021“

Од:

Заврши 19-тата Меѓународната ликовна колонија „Карпино“ на која учествуваа 11 уметници од државата и соседните земји, а кои една недела твореа во кумановската населба „Карпош“.

Како што информираа денеска од мултимедијалниот Центар Карпино, на колонијата создадени се дваесетина дела, инспирирани од културно-историските споменици, цркви, манастири и природни реткости од општините Куманово и Старо Нагоричане.

– Дел од уметниците работеа дома, дел во комплексот „Грација“, поради запазување на здравствените протоколи. Уметниците твореа на слободна тема. Пошироката јавност ќе има можност да ги разгледа делата од колонијата на традиционална изложба по повод денот на ослободување на Куманово, изјави претседателот на здружението Зоран Павловски.

Ликовната колонија е посветена на манастирот Воведение на Пресвета Богородица во Сув Ора, добро позната под името Карпински манастир. Организаторите им врачија благодарници на учесниците и најавија дека и годинава, делата ќе бидат изложени во галерии и установи од културата во повеќе градови од државата.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска