Филипче: Починатите во пожарот во Тетово се на возраст од 29 до 79 години

Од:

Ова е тажен ден за нашата земја и огромна трагедија којашто не потресе сите нас и изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите во овој настан, изјави доцна попладнево министерот за здравство Венко Филипче во врска пожарот кој синоќа се случи во модуларната болница во Тетово, а во кој животот го загубија 14 лица.

– Длабоко ме потресе она што се случи во Тетово и од вчера и во текот на целата ноќ целокупните капацитети на Министерството, но и на сите други институции се целосно мобилизирани за што побрзо да се утврдат причините за оваа трагедија. Во моментов сè уште трае истрагата и затоа замолувам да имаме трпение и да ги почекаме сите официјални наоди, рече Филипче.

Тој информира дека на денешната владина седница донеле одлука на нашите експерти во истрагата да им се приклучат експерти од странство.

– Ова го правиме со цел спроведување на независна и темелна истрага. Како министер и пред сè како човек барам сите наоди уредно да бидат презентирани во јавноста. Од одговорност никој нема да биде изземен доколку истрагата тоа го утврди, потенцира Филипче.

Тој соопшти дека во ковид-центарот во Тетово за време на, како што рече, овој стравотен настан биле хоспитализирани 26 пациенти. Медицинскиот персонал бил составен од лекари и медицински сестри, двајца лекари и четири медицински сестри.

– Дванаесет пациенти кои се евакуирани безбедни од ковид-центарот во моментот се хоспитализирани во болницата во Тетово и тие се во стабилна здравствена состојба, немаат последици од пожарот. Нема повредени, ниту починати здравствени работници. На Институтот за судска медицина се предадени телата на 14 пациенти, за дел од нив е завршена обдукцијата, дел се одвива во текот на целиот ден. Починатите се на возраст од 29 до 79 години. Освен класичните обдукциски наоди, ќе се прават и анализи на ДНК за што се информирани и членовите на семејствата на пациентите, извести министерот за здравство.

Тој посочи дека целокупната документација за набавка и поставување на модуларните болници, вклучително и таа во Тетово, покажува дека при реализација на ваквите проекти, кои се поддржани од Светска банка, се запазени строгите стандарди и постапки.

– Истрагата исто така треба да утврди дали и на кој начин по предавање на објектот во употреба во тетовската болница, истиот бил одржуван и раководен, рече Филипче, додавајќи дека Министерството активно ќе соработува со истражните органи и апелираше тоа да го направат и сите други институции, со цел точно да се утврди што се случило.

– Што се однесува до самите болници нивниот квалитет нашиот интерен увид покажа дека сите вградени материјали имаат сертификат, АТЕСТ за електрична, водоводна и канализациска инсталација. За појаснување, тоа значи дека сè што е вградено од материјалите е со сертификат од производителот, а процесот на инсталација е со атестирање. Сето тоа е под надзор на акредитирана компанија што контролира дали се обезбедени сите сертификати за буквално секој материјал што се вградува во модуларната болница, рече Филипче.

Тој посочи дека по завршување на сите постапки, сите надзори и техничкиот прием модуларниот центар се примопредава на болницата во градот за понатамошно управување и одржување на објектот.

– Апелирам до граѓаните и медиумите да не создаваат паника и недоверба кон самите ковид-центри коишто значеа и сè уште значат многу за хоспитализација и спасување на животи во оваа ковид криза. Вакви објекти се користат на многу места во светот. Пожари и несреќи се случуваат и овие трагедии можат да бидат предизвикани од многу фактори, вели тој и апелира да се почека резултатот од истрагата и да не се прејудицира.

Би можело да ве интересира

Филипче: Во Буџетот нема пари за зголемување на платите – нема развој, само долгови и камати

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски