ОЈО: Истрага против три лица за илегална продажба на марихуана и кокаин во Скопје

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ согласно член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

-Првиот осомничен, недостапен на органите на прогонот, заедно со неговиот татко, во својот дом на улицата „Владимир Полежиновски“ во Скопје неовластено држеле наркотична дрога – марихуана и кокаин. При претрес, кај нив биле пронајдени 1.009,21 грама марихуана и 2,06 грама кокаин во повеќе различни пакувања. Третиот осомничен, пак, посредувал при продажба на дрогата на трети лица, се вели во соопштението од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител при судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, за кои постои опасност да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци или да го повторат делото.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски