Поранешен кипарски министер за одбрана виновен за смртта на 13 лица во 2011

Од:

Кипарски суд денеска го прогласи поранешниот министер за одбрана Костас Папакостас за виновен за смртта на 13 лица, кои загинаа во експлозија на муниција во воено поморската база на Кипар во 2011 година.

На 11 јули 2011 година во базата крај Лимасол експлодираа 98 контејнери со боева муниција, кои беа конфискувани во 2009 година од брод што пловел под кипарско знаме од Иран кон Сирија, со образложение дека го крши ембаргото на ОН кон Иран.

Над две години муницијата била чувана под отворено небо на температура од 40 степени. При експлозијата загинаа 13 лица и беше оштетена најголемата електроцентрала на островот.

Според Судот, тогашниот министер за одбрана Папакостас бил директно одговорен за чувањето на конфискуваниот товар.

Тогашниот министер за надворешни работи Маркос Кипријану, кој, исто така, беше обвинет во овој случај за предизвикување на смрт од небрежност, денеска беше ослободен од обвинението.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ