Велика Британија ќе се откаже од 35 европски закони и прописи

Од:

Британската влада најави дека ќе покрена иницијатива за откажување од 35 закони и прописи кои произлегуваат од Лисабонската спогодба.

Меѓу закониските одредби што Британците сакаат одново да бидат дел од домашното законодавство и во надлежност само на британските власти, се и европскиот налог за апсење и Европол.

Во изјава пред пратениците во британскиот Парламент, министерот за внатрешни работи Тереза Меј рече дека европскиот налог што почна да функционира во 2004 година, е „мошне корисен при случаи на екстрадиција, но тој има потреба од реформирање“.

Според Меј, европскиот налог треба да биде преразгледан и реформиран, затоа што тој опфаќа и „минорни кривичн дела и прекршоци“.

Евроскептиците од редовите на Конзервативната партија на премиерот Дејвид Камерон бараат повлекување од европскиот налог за апсење, тврдејќи дека тој „овозможува нефер судења на Британци“ во земјите на ЕУ. Како пример се посочува случајот на британскиот државјанин Ендрју Симеу, кој во Грција беше затворен четири години, пред да се утврди дека „крунскиот сведок“ на полицијата лажно сведочел.

Противниците на британското повлекување од европскиот налог, предупредуваат дека Велика Британија ќе има повеќе штета од тоа, посочувајќи го примерот со англискиот учител кој побегна со една своја ученичка во Франција. Без овој налог тој ќе можеше да остане во Франција и дури да не биде суден, бидејќи таа беше постара малолетничка, но француските власти постапија според европскиот налог и им го предадоа учителот на Британците.

Врз одредбите на тој налог, шведските власти го бараат и основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, осомничен за сексуално насилство во Шведска, а британските судови определија тој да им биде предаден на Швеѓаните.

Британската Влада ќе ги преразгледува сите 133 закони и прописи од Лисабонската спогодба, а определените 35 се резултат на долгите преговори меѓу партнерите во британската владина коалиција.

Ториевците заговараат референдум за излегување од ЕУ, додека либералдемократите бараат поголем британски ангажман во ЕУ.

За британското барање за прерарзгледување и повлекување од европските закони е потребна согласноста на сите други 27 земји-членки на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја