До 48 денари достигна цената за килограм праски од сортата „нектарина“ што е рекордна сума сезонава во Росоман.
Како што соопшти денеска градоначалникот Стојанче Лазов, оваа цена е постигната во текот на вчерашниот ден на кванташкиот пазар во Росоман.
– Задоволни сме од родот на праските, пласманот и цената која засега е доста солидна. Одделните варијации за килограм зависат од понудата и квалитетот на праската. Пласман има, главно за извоз, изјави Лазов.
Во Росоманско се произведува еден процент од светското производство на праски.