Контроверзниот бугарски метрополит Кирил е пронајден мртов на плажа

Од:

Метрополитот на Варна, Кирил, е пронајден мртов на плажа на Црно море во близина на градот Варна, јави денеска бугарското државно радио. Полицијата ја истражува неговата смрт за која се претпоставува дека била насилна.

Кирил е роден на 8 Јуни 1954 година, Тој беше привремен патријарх и намесник од Ноември 2012-та година, после смртта на бугарскиот патријарх Максим.

Бугарските медиуми во Март пишуваа дека метрополитот Кирил Ковачев го променил своето презиме во 1999-та година, за да ја прикрие својата работа во државната безбедност, а ова го потврди и неговиот поранешен секретар Борис Борисов, кој рече дека неговото правилно име било Богомил Петров – Христов. Додека како агент користел два псевдоними, Ковачев и Владислав.

Овие наоди одговараат на архивата на Државната безбедност, а и неговиот роден брат се презива Христов. Во бугарската јавност уште пред неколку месеци се пишуваше за соработката межу метрополитот и Државната безбедност, а се поставуваше и прашањето како органите ја дозволиле оваа промена, без да го проверот мотивот и минатото, како што предвидува Законот за гражанска администрација.

За софискиот весник „Дневник“ Борисов потврдил дека работел на подготвувањето на документацијата на метрополитот Кирил по наредба на архиерејот.

Во неговото досие, објавено во Јануари оваа година, пишува дека тој бил соработник на тајните служби како студент по Теологија од средината на 1976-та година.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?