Четворицата алпинисти, за кои ништо не се знаеше по одронувањето на лавината во францускиот дел на масивот Мон Блан, се живи, соопшти француската полиција.
Двајца од нив избрале различна маршрута, а другите двајца се откажале од планинското искачување.
Лавината, која денеска се одрони, веќе зеде девет жртви, а уште девет лица беа повредени.
„Бројот на смртните случаи останува девет“, изјави претставник на полицијата во францускиот град Шамони.
Тој додаде дека нема повеќе луѓе, кои се водат за исчезнати.