Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 23 часот синоќа до 4 часот рано изутрината спровело зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 82 возачи од кои 18 на територијата на СВР Битола, 13 на територијата на СВР Тетово…
Засилените акциски контроли, како што се посочува, продолжуваат и во наредните денови.
Од МВР апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.