ВМРО-ДПМНЕ: Заев низ Собрание турка закон за Трајче и Вице

Од:

„Заев ја злоупотребува постапката со европското знаме за да го донесе законот за опојни дроги за личен профит. Заев во скратена постапка го пушти законот за марихуана, со тоа Заев сака да ја легализира продажбата и на сув цвет од марихуана за фирмите на братучедите“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев низ собрание турка закон за Трајче и Вице. СДСМ пушти вкупно 12 закони во собраниска процедура со европско знаме, што значи скратена постапка и скратени можности за пратениците за дискусија и предлагање на измени.

Меѓу законите кои Заев сака да ги протне е и законот за академијата за судии и јавни обвинители, со цел да стави целосно рака врз изборот на судии и обвинители.

Ниту еден од предложените закони не е европски закон.

Заев и СДСМ сакаат да ги злоупотребат институциите и законите за свое лично богатење.

Заев знае дека ќе загуби и најважно му е да го заштити капиталот. Сите овие закони се само за заштита на парите на Заеви.

ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа и ќе го блокираме Собранието доколку самоволието на власта продолжи. Истовремено ги повикуваме и претставниците на меѓународната заедница, а особено ЕУ да не дозволат ваква злоупотреба на постапката со европско знаменце“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ