Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрече вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 10 за користење мобилен телефон и 51 за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.