Поради мото-пешачки протестен марш утре ќе бидат затворени неколку булевари во Скопје

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека за утре е најавен мото-пешачки протестен марш од Скопски саем кон Владата. За таа цел од 10,30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај: бул. “Гоце Делчев” на потег од ул. “Беласица” кон бул.“Илинден“ и бул.”Илинден” на потег од бул.”Гоце Делчев” до бул.”Климент Охридски”.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници како и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он