САД: Во Авганистан да не остане ниту еден војник по повлекувањето во 2014

Од:

САД разгледуваат можност по повлекувањето од Авганистан во 2014 година во државата да не остане ниту еден американски војник, изјавија американски претставници.

Претседателот Барак Обама сака до крајот на 2014 година да стави крај на американското воено учество во Авганистан, но Вашингтон преговара со властите во земјата околу 8.000 војници сепак да останат и во 2015 година.

Американски претставници не го отфрлија написот во „Њујорк тајмс“ дека Обама се повеќе е фрустриран од односите со претседателот на Авганистан Хамид Карзаи, кои се влошија откако САД почнаа да преговараат со талибанците.

Весникот „Тајмс“ објави дека Карзаи за време на видео конференција на 27 јуни со Обама, ги обвини САД дека се обидуваат да издејствуваат мир со талибанците и нивните пакистански приврзаници и тоа во облик кој би ја изложил власта на Карзаи на непријателите.

Весникот наведува дека од таа видео конференција целокупното воено повлекување од Авганистан е трансформирано од „сценарио во најлош случај“ до „една од опциите за која Вашингтон и Кабул сериозно размислуваат“.

Еден висок припадник на администрацијата на Обама рече дека сите опции се на маса, но одлука за тоа се уште не е донесена и прашање е кога ќе биде, пишува весникот.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак