Во училиштата низ земјава цели паралелки во изолација поради заразени со Ковид-19

Од:

На почетокот на новата учебна година, веќе се во изолација неколку паралелки во Велес, Штип, Прилеп и Скопје поради ученици кои се позитивни на Ковид-19. Во изолација е е едно одделенија во скопско осново училиште, а пријавени се случаи на позитивни ученици и во средните училишта во главниот град.

Едно одделение во прилепско основно училиште од денеска е во изолација, поради ученик во деветолетката кој бил позитивен на тестот за коронавирусот. Во изолација се и пет предметни наставници кои имале контакт со него.

Во штипските основни и средни училишта исто така има по еден позитивен ученик на коронавирусот, а поради два позитивни ученика во велешката гимназија „Кочо Рацин“ во изолација се ставени учениците од две паралелки. Од изолација се изоставени учениците кои биле вакцинирани.

Според министерот за здравство, Венко Филипче, училиштата во моментов не претставуваат ризик за ширење на коронавирусот.
.
Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 199 случаи на Ковид-19, од направени 2.558 тестирања. Вчера беа пријавени 32 починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 1.190.914 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.243, бројката на оздравени пациенти е 159.365, на починати е 6.097. Бројот на активни случаи изнесува 14.781.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски