Стотици демонстранти учествуваа во протести пред Амбасадата на САД во боливиската престолнина Ла Паз.
Протестот заврши со горење на знамето на САД и на повеќе други европски држави.
Демонстрантите се определуваат како приврзаници на претседателот Ево Моралес, на чиј авион минатата седмица беше откажан пристап до воздушното пространство на неколку европски земји.