Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, го совлада во осминафиналето на УС Опен Јапонецот Каи Нишикори и дојде на четири победи до рекордна 21 грен – слем титула.
Пласманот во четвртфиналето на турнирот во Њујорк, српскиот тенисер го обезбеди со триумф од 3-1 во сетови (6-7, 6-3, 6-3, 6-2) за три ипол часа тенис на стадионот Артур Неш“.
Негов противник за пласман во полуфиналето ќе му биде победникот од дуелот меѓу Аслан Карацев и Џексон Бруксби.