Екипата на ППД Загреб ќе игра во финалето на „Фајнал фор“ турнирот од регионалната ракометна СЕХА-лига.
Хрватскиот тим вечерва по изведување пенали го победи Мешков Брест од Белорусија со 38:37. Резултатот по 60 минути беше нерешен 32:32, па се пријде кон изведување седмерци. По пет пенали повторно немаше победник (36:36), а дури по дополнителни две серии беше решен финалистот.
Инаку, Загреб доби можност да игра на завршниот турнир на местото на Вардар, откако СЕХА-лигата им забрани да играат на „црвено-црните“ поради еден позитивен играч на коронавирус.
Вечер, во второто полуфинале се среќаваат Веспрем од Унгарија и Мотор Запорожје од Украина.