(ВИДЕО) Митева: Што бараат луѓе од шеста управа на местото на сообраќајката кај Стража и кој се обидува да го сокрие Кичеец?

Од:

„Учесник во денешната сообраќајка на патот Скопје – Охрид пред Стража е и Зоран Милески Кичеец, лице кое моментално треба да се наоѓа во затвор. Согласно информации од медиумите и фотографиите кои се најдоа во дел од нив, покажуваат дека Кичеец наместо во затвор се шета на слобода низ улиците на државата“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во сообраќајката која според досегашните информации резултирала со смртни последици за две лице и шест повредени, учествувале три возила, меѓу кои и возилото на Зоран Милески Кичеец. Од фотографите во медиумите јасно се гледа Кичеец е дел од сообраќајната незгода.

Кичеец е осуден во предметот Рекет, целата македонска јавност го виде како ги носи рекетираните милиони во Луј Витон ташна.

Кичеец е човекот за кој слушнавме и дека го организирал рекетот врз Миодраг Давидовиќ Дака во случајот ШИК Јелак, каде на контроверзниот српски бизнисмен му се земени 300.000 евра според негови зборови кои се слушнаа од снимките пуштени во јавноста. Кичеец омилениот рекетар на власта, денеска е и омилен осуденик, наместо во затвор тој е на слобода.

Согласно информациите кои ги поседуваме на местото на настанот биле видени и лица дел од шестата управа, цел ден се вршат притисоци врз лица кои биле сведоци на настанот и медиуми да не изнесуваат информации за сообраќајката. Се вршат притисоци за прикривање ова што се случило денес.

Власта треба да одговори на јавноста зошто Кичеец е пуштен на слобода и што бараат лица вработени во АНБ на лице место на настанот?

Ова е уште еден доказ почитувани граѓани, за целосната криминализираност на системот на власта. До кога врвот на власта ќе штити криминалци“, прашува Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ