СДСМ: На пет дена на истекот на рокот, Мицкоски нема кандидати за градоначалници

Од:

„На пет дена пред истекот на рокот за поднесување кандидатури за градоначалници, Христијан Мицкоски се уште нема кандидати за огромен број општини“, велат од СДСМ.

„Секому му е јасно дека со нечесниот и неодговорен однос кон граѓаните, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги чека нов изборен пораз.

Затоа никој не се нафаќа да биде кандидат на партијата губитник, затоа се почесто во јавноста излегуваат информации за конфликти внатре во ВМРО-ДПМНЕ и нивната губитничка коалиција.

ВМРО-ДПМНЕ нема свој кандидат за Град Скопје, нема свој кандидат за Центар, а се уште нема објавено кандидати за Битола, Струмица, Карпош, Аеродром…

Мицкоски може да тактизира и да моли други партии, да блефира со ново мнозинство, но тоа нема да го спаси од нов изборен пораз, седми по ред.

На 17 октомври граѓаните ќе го поддржат концептот на СДСМ со кој ќе продолжи развојот на општините и напредокот на државата“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците