(ВИДЕО) Стоилковски: Луксузната вила од 300м² Шилегов ја вреднува колку еднособен стан

Од:

„Од тука од Маврово ви презентирам уште еден луксуз на Петре Шилегов, градоначалник на заминување на Скопје, купен на Маврово со чиновничка градоначалничка плата“, кажа Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова зад мене е вилата, луксузната вила од над 300 м2, на два спрата, со луксузен двор, со луксузна летна кујна, со луксузна ограда правена од камен и со сите можни удобствија направени и земени за само една година чиновничка плата на Петре Шилегов како градоначалник на Скопје.

И овој луксуз, овие 300 луксузни квадрати на Маврово, Петре Шилегов ги прикажува како платени односно со вредност од 55.000 евра.

Овој цел луксуз Петре Шилегов го пријавува колку еден стан од 40-тина квадрати во центарот на Скопје.

Петре Шилегов за само една година купува ваков луксуз, гради ваков луксуз од 300м2, само површина на куќата, на луксузната вила. А, по неполни три години започнува со градба нелегално, дивоградба, без документи, на семејна зграда од четири спрата и 400 м2 во центарот на општина Карпош, на многу атрактивна локација.

Ако ова сето не раѓа сомнеж за потеклото на имот на Петре Шилегов, кој што во својот мандат успеал со градоначалничка плата да создаде ова богатство и да изгради уште едно богатство семејна зграда во центарот на Карпош и тоа без документи, тогаш веројатно е нешто многу згрешено во овој систем кој што не функционира.

Нема ништо полошо од СДСМ за Скопје, нема ништо полошо од Петре Шилегов“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски