СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги боли вистината, Мицкоски да повика на вакцинација и почитување на мерките

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ се вознемири и одново си го покажа вистинското лице. Вистината ги боли, па се обидоа да ја прелепат, како што го прелепија и билбордот во Општина Аеродром. Мицкоски никако да научи дека нема бегање од вистината, таа не може да се „прелепи“, соопштува СДСМ.

„Наместо да продава евтин популизам, Мицкоски да излезе пред граѓаните и јасно да ги повика на вакцинација и почитување на мерките, во интерес на нивното сопствено и колективно здравје.

На почетокот на август на својата Фејсбук страница Мицкоски објави дека веќе бил вакциниран.

Но, пред неколку дена, јавно на телевизија кажа дека се вакцинирал еден ден претходно. Затоа што бил „лимитиран“ и не можел да оди по кафеани.

Прашањето е сега кога Мицкоски се вакцинирал, на почетокот на август или во вторникот, на 31 август?

Очигледно државата со мерките го убеди антиваксерот Мицкоски да се вакцинира.

Ова крунско признание од лидерот на најголемата опозициска партија е доказ дека мерките на државата функционираат“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците