Во Скопје вчера казнети 36 возачи за брзо возење, а 16 за без возачка дозвола

Од:

Во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје, полицијата изрекла вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 16 за возење без возачка дозвола, три за управување под дејство на алкохол.

Како што соопшти МВР, од казнетите возачи осум се за користење мобилен телефон, 9 за некористиње на сигурносен појас, две за минување на црвено светло, седум за нерегистрирани и технички неисправни возила и 37 за непрописно паркирање.

Полицијата апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава