ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ разединува, коалициски партнери бегаат од Заев, а членството говори дека партијата станала приватна фирма

Од:

„Додека ВМРО-ДПМНЕ обединува, СДСМ се разединува. И коалициски партнери и самите членови на СДСМ гледаат дека со Зоран Заев нема ни напредок, ни демократија, ни слобода, ни право, ни принципи. Самите говорат веќе дека СДСМ е претворена во приватна фирма на Заеви која работи исклучиво за бизнис интересите на мафијашкиот клан“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Дел од коалициските партнери го напуштија СДСМ, нивни градоначалници одат самостојно, а Заев на тоа одговара со исклучување, јавен линч или етикетирање. Тоа е недемократското лице на Заев и неговиот хибриден режим во кој тој одлучува, а органите формално само прифаќаат. Не може да очекувате демократски капацитет од човек кој говори дека за градоначалник не кандидира личности туку партиски пиони од кои во еден случај е братучед на Оливер Спасовски, а во друг случај бизнис партнер на Вице Заев.

Заев очигледно е очаен, а како ќе наближува изборниот пораз ќе биде се понервозен и уште повеќе ќе се одлепува од реалност. Поразот на Заев ќе значи просперитет за сите во Македонија, вклучително и за членството на СДСМ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ