Пимен: Христос не учи да простиме, да го завртиме и другиот образ

Од:

По вчерашните критики на премиерот Никола Груевски за Отец Пимен дека инцдентите во општина Центар ги искористил за да излезе од анонимност, и тоа преку како што рече медиумите под контрола на опозицијата, владиката се јави со коментар на Фејсбук страната на Европската епархија на МПЦ.

eeparhija

„Животното искуство и мудроста стекната низ него нè учи да одговориме на сè, на нападите особено, но Христос нè учи да простиме, да го завртиме и другиот образ. Како човек да се именува Христијанин, ако не постапи согласно зборовите Христови? Порадо би останал со Христа, отколку со некоја замислена победа.

Еве, ја препуштам истата на оние кои уживаат во неа“, напиша Отец Пимен.

Груевски вчера рече дека владиката Пимен повеќе бил близок со СДСМ, отколку со ВМРО-ДПМНЕ.

nikola-gruevski-04

„Којзнае колку бил среќен што конечно смислил причина некој да го даде на телевизија. Па дури почна да раскажува со кого, што зборувал по кафичи. Несериозна работа. Не ми личеше ни на поп, ниту на владика, кога ги прераскажуваше кафански муабети на телевизија, кој во кафана што му кажал и што во кафаната овој му одговорил.

– Но, негово право е тоа. И негов избор. Потоа, побара да се види со мене, а јас поучен од искуството на многумина дека човеков секој кажан збор го објавува по социјалните мрежи. одлучив да не бидам предмет на неговите општења со јавноста по Фејсбук и на медиумите за тоа кој што му рекол и што тој му одговорил, претпоставив дека и таа средба ќе биде дел од неговите наредни интервјуа и фејсбук комуникации, во смисла на неговите обиди да излезе од анонимност.

Владиката Пимен беше единствениот од МПЦ кој ги осуди нападите и демолирањето на општината Центар и прашуваше какви се тоа верници што кршат се пред себе? Дури вчера и Груевски кажа дека никако не одобрувал насилство.

Би можело да ве интересира

Отец Пимен: Стоилов треба да се почитува како шампион и човек со свој став

Ана Ололовска

Анима Мунди: Се најадовте ли добро Отец Пимен?

Ана Ололовска

Излезе од печат втората книга на отец Пимен

Ана Ололовска

Отец Пимен: Барајте одговорност и од мене што бев за втор мандат на Иванов

Ана Ололовска

Стеванаџија до Пимен: „Потсеќаш на дедовците од МапеД шоу, а владика си“

Ана Ололовска

Владика Пимен: Јас сум на страната на студентите

Емир Латифовиќ