Во Хрватска од понеделник почнува училишната година. Наставата ќе се одвива со физичко присуство и со протоколи за заштита од Ковид-19. Планирани се и екскурзии и матурски вечери потврди министерот за образование Радован Фукс.
Тој објасни и дека државата се откажала од воведување задолжителна вакцинација за наставниот кадар зато што тоа би било преседан кога имунизацијата не е обврзна за другите критични професии.
Сепак на родителите за присуство на родителски средби ќе им биде неопходна ковид- потврда. Истото правило ќе важи и за доаѓање на приредби во училиштата.