Не стивнува бројот на новодијагностицирани ковид-случаи, а преку 20 починати покажа и вчерашниот биланс.
Во земјава заклучно со 1 септември вакцинирани се вкупно 733.226 граѓани. Во државата се аплицирани 1.280.332 дози вакцини, а ревакцинирани се 547.105 граѓани.
Согласно последните бројки, 53 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 28 отсто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Кај нас досега се направени вкупно 1.169.901 тестирање на Ковид-19. Од почетокот на пандемијата се дијагностицирани 178.159 случаи, оздравеле 157.294 пациенти, а починале 5.987. Бројот на активни случаи изнесува 14.878. Вчера, ковид-билансот покажа 760 новозаразени, оздравени 644 лица и починати 23.