Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година вечерва загуби од соодветната селекција на Франција со 3:0.
Дуелот во Ле Ман беше прв за двете репрезентации во квалификациите за Европското првенство 2023.
Головите ги постигнаа Натаниел Мбуку во 26. минута, Едуардо Камавинга во 50. и Пјер Калулу во 89. минута.
На првиот денешен натпревар од Х-групата Ерменија ги совлада Фарските Острови со 2:0.