Во Атина протест на над шест илјади вработени во локалната администрација

Од:

Илјадници грчки општински службеници и наставници во државните училишта излегоа денеска во Атина за да протестираат против намалувањето на работните места во државниот сектор, кој Владата им го вети на меѓународите кредитори во замена за отпуштањето на следната транша од спасувачкиот пакет за Грција.

Министрите за финансии на земјите од еврозоната треба да одлучат денеска како да ја задржат платежната способност на Грција и се заканија дека ќе ја одложат траншата од 8,1 милијарда евра за Атина за да ја принудат да ги спроведе непопуларните реформи.

Над шест илјади вработени во локалната администрација, меѓукои припадници на обезбедувањето и униформирани полицајци на мотоцикли, учествуваа во протестниот марш до Министерството за административни реформи во центарот на Атина.

– Земете си го меморандумот и мавнете се оттука!, извикуваа учесниците во протестот, кој е организиран само еден ден откако претставници на меѓународната тројка кредитори ја завршија последната ревизија на напорите на Грција за намалување на трошоците.

– Тие нема да успеат, ние ќе победиме, соопшти Федерацијата на синдикатите на локалната администрација, која прогласи 24 часовен штрајк. Најголемиот синдикат на државните службеници АДЕДИ исто така денеска организираше привремен прекин на работата во Атина.

Грција се обидува да ја убеди „тројката“ од Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд дека ќе може да ги исполни ветувањата и да го намали обемот на државниот сектор, кој и многумина Грци го сметаат за виновен за кризата во земјата.

Откако го пропушти рокот во јуни, Атина вети дека ќе префрли 12.500 државни службеници во „шемата за мобилност“ до септември, што значи дека тие ќе бидат префрлени или отпуштени во рок од една година. Околу 3.500 ќе бидат општински службеници, а 2000 се од наставниот кадар.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит