Градоначалникот на Солун се закани со оставка заради планираното кастрење на општински службеници

Од:

Градоначалникот на вториот по големина град во Грција Јанис Бутарис, се закани дека ќе поднесе оставка заради владините планови за поставување на полициски и други општински службеници во таканаречената „шема за мобилност“, како дел од обврските на Грција кон меѓународните кредитори, соопшти електронското издание на весникот „Катимерини“.

Бутарис изјави дека доколку информациите за владините планови се точни тогаш општината на овој северен пристанишен град ќе загуби околу 1.000 службеници.

Тој подвлече дека без доволен број службеници дејноста на полицијата во Солун ќе биде невозможна.

– Ако тоа се случи општината нема да биде во состојба да си ја врши работата, изјави Бутарис.

„Ако тоа продолжи јас ќе ги предадам моите клучеви“, додаде тој.

Владата презеде обврска да стави 12.500 државни службеници во „шема за мобилност“, што значи дека тие ќе бидат префрлени во други оддели или отпуштени во текот на една година.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит