Татко, мајка и ќерка од Тетово починале од Ковид-19 дома, не биле на лекување, не се знае како се заразиле

Од:

Татко, мајка и нивната ќерка на 36 години починале поради компликации од Ковид-19 во домашни услови во Тетово минатата недела, а карактеристично е што тројцата имале хронични болести и се наоѓале во тешка состојба, информираат од тетовската клиничка болница.

Тие не биле на преглед во ковид центарот и починале дома. Според лекарите, генетскиот фактор и хронични болести се факторите за ковид смртни случаи во цели семејства како тетовското.

-Имаме информација од минатата недела дека во домашни услови има тројца починати од едно семејство, од кои најмладата е 36 годишна жена со коморбидитети, била со обезитас, гинеколошки проблеми. Нејзините родители биле во тешки форми на болести како канцер во терминална фаза кај таткото и кардиолошка болест кај мајката. Значи генетскиот фактор и коморбидитетите се главниот проблем за смртни случаи при зараза со Ковид-19, изјави д-р Миранда Пајазити од тетовската клиничка болница.

Од болницата велат дека немаат информации како се заразиле членовите на семејството.

-Немаме информации за начинот на кој се заразиле. Можно е да било поради групирање, не само свадби, имаше разни видови на групирање кои може да доведат до заразеност. Затоа апелираме да нема групирање, да нема никакви настани додека се смири ситуацијата. При првите симптоми да прават контрола и тоа е многу добро. Сега во Клиничката болница нема многу членови од исто семејство кои се заразени, но во домашни услови има, има и во поблага и во полоша форма. За жал повеќето пациенти доаѓаат во терминална фаза од болеста ги кријат симптомите дома, објаснува тетовската докторка.

Изминатите 24 часа во тетовската болница имало два смртни случаи кај хоспитализираните пациенти, на 40 и 60 – годишна возраст.

-Овие денови расте свеста и доаѓаат на прегледи. И тоа е добро ќе помогне во намалување на бројот на заразени. Генетски фактор е многу значаен, а плус делта варијантата на Ковид има способност еден човек да зарази деветмина. Многу е посилен од минатиот, рече д-р Пајазити.

Сега во ковид – центарот има 108 хоспитализирани од кои 106 на кислородна поддршка и двајца на неинванзивен респиратор. Новопримени се 14 лица, а испишани од болничеко лекување се десет луѓе.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски