Поранешниот кипарски министер за внатрешни работи Динос Михаилидис и неговиот син Михалис денеска се уапсени во рамките на истрагата против поранешниот грчки министер за одбрана Акис Цохадзопулос.
Окружниот суд во Ломасол има рок од 60 денови да одлучи дали Михаилидис и неговиот син Михалис ќе бидат екстрадирани во Грција.
Грчките власти сметаат дека Михаилидис и неговиот син Михалис помагале при трансферот на дел од парите што Цохадзопулос ги добил како мито, кога се согласил да биде купен руски ракетен систем
Михаилидис и неговиот син Михалис негираат каква било вмешаност во корупцискиот скандал во Грција.
Цохадзопулос, поранешен министер во неколку влади на социјалистите и 18 други осомничени се обвинети за корупција и за перење на пари.