Познати имињата на идните министри во чешката Влада

Од:

Мандатарот за состав на нова техничка Влада во Чешка, Јиржи Руснок го формира својот Кабинет, кој се очекува да биде именуван во среда од страна на претседателот Милош Земан, јави дописникот на МИА од Прага.

Земан го именуваше економистот Руснок за мандатор по повлекувањето на премиерот Петр Нечас, која поднесе оставка по притворањето на седум лица, меѓукои и неговата најблиска соработничка Јана Нагиова, заради корупција и незаконско следење.

Назначувањето на Руснок, кој е близок до левицата и беше министер за финансии и индустрија од 2001 до 2003 година, ги заостри односите меѓу претседателот на државата и трипартиската владејачка коалиција на десниот центар, која очекуваше неа да и биде доделен мандат за состав на нов владин Кабинет.

Руснок во текот на минатата недела оствари серија средби и разговори, по што и го комплетираше идниот министерски состав. Поранешниот премиер и претседателски кандидат Јан Фишер е предложен за нов министер за финансии и потпретседател на Владата на Руснок.

За нов министер за внатрешни работи ќе биде предложен Мартин Пецина, екс-прв полицаец во техничката влада на Фишер во 2009 година.

За правда е предложена Марие Бенешова, поранешен Државен јавен обвинител, а за прв човек на Министерството за одбрана повторно е предложен досегашниот министер Властимил Пицек.

Мартин Холцат, реномиран лекар кој се грижеше за здравјето на експретседателот Вацлав Хавел, можно е да биде новиот министер за здравство, научникот Далибор Штус ќе го води Министерството за образование, а поранешниот пратеник Франтишек Коничек – Министерството за труд и социјална политика.

Јиржи Балвин, кој во 2001 беше дел од раководството на Чешката телевизија (ЧТ), инженерот Јиржи Циенциала и поранешниот заменик-министер за сообраќај Здењек Жак ќе бидат предложени за министри за култура, за индустрија и трговија и за сообраќај. Мирослав Томан, кој од 2002 до 2006 година беше на повеќе функции во Министерството за земјоделство, сега ќе застане на негово чело.

Министер за животна средина ќе биде Томаш Подивински, а Франтишек Лукл министер за развој.

Новиот министерски Кабинет ќе има 15 члена, двајца помалку од претходниот состав на Нечас.

Отпаѓа една заменичка функција на премиерот и се укинува и функцијата на шеф на Законодавниот совет.

Партиите од досегашната десничарска коалиција, тврдат дека го имаат потребното мнозинство од 101 пратенички глас и се изјаснија дека нема да гласаат за предлогот на Земан.

Новоименуваната Влада, во рок од 30 дена ќе треба да побара доверба од чешкото Собрание и доколку не ја добие се очекува политичка нестабилност во земјата.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница