Во Галеријата на Младинскиот културен центар од денеска до 8 септември ќе биде поставена самостојната изложба на Бранкица Јордановска насловена „Маска или преобразба на изопаченото“.
-Маска или преобразба на изопаченото е самоистражувачка студија и обид за откривање на двојната вредност испреплетена во релациите помеѓу храброста и срамот. Двојностите се сеприсутни околу нас, а ние преку постојана преобразба од едно во друго се вртиме во круг, сѐ додека не создадеме бесконечни варијации од илузијата што посакуваме да ја видиме, велат од МКЦ.
Појдовната точка на Јордановска е нејзината реалност. Од Младинскиот културен центар истакнаа дека таа работи како костимограф во независни и институционални театарски продукции, како графичар во ателјето на членовите од колкетивот „Кула“ и како илустратор во малата соба во мезанинот на нејзината зграда.