„Виножито на радоста“ е насловот на интерактивната изложба на Дарко Аницин што ќе биде отворена вечерва во Домот на културата „Кочо Рацин.
Аницин е роден 1977 година во Скопје. Тој е академски графичар и графички дизајнер кој своето образование го има стекнато во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски” и на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” Скопје.
Својата креативност ја изразува преку ангажмани во областа на графичкиот дизајн, по што е и најпрепознатлив. Создава графики, цртежи и слики од самите почетоци на своето образование до денес.