Грција чека одлука за следната транша од финансиската помош

Од:

Тројката меѓународни кредитори денеска и даде разни забелешки на Грција откако ја заврши ревизијата на програмата на земјата за прилагодување и ги истакна реформите кои Владата треба да ги спроведе во следните денови и недели.

Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, издадоа соопштение само неколку часа пред министрите за финансии од еврозоната да се сретнат во Брисел за да донесат одлука за доделување на следните транши од финансиската помош за Грција.

– Ова утро постигнавме договор во рамките на тројката. Ќе го оцениме напредокот. Врз основа на тоа ќе одлучиме за следната транша која може да биде поделена на рати ако е неопходно и корисно, изјави холандскиот министер за финансии пред состанокот во Брисел.

Европските влади предводени од Германија ја одржуваат Грција во живот затоа што не сакаат земјата да банкротира и да излезете од еврозоната, а во меѓувреме сакаат да ја поделат помошта до најмали можни дози за да избегнат оптоварување на сопствените даночни обврзници, коментираат аналитичарите.

Според тројката, Грција направила значаен напредок, но имплементацијата на реформите во некои области многу доцни. Тројката истакна голем број „корективни мерки“ кои Владата ќе мора да ги преземе.

„Овие активности вклучуваат конкретни чекори за да се воспостави контрола над прекумерното трошењево здравствениот сектор. Мисијата и властите се согласија дека макроекономската перспектива останува широко во согласност со проекциите од програмата, со изгледите за постепено враќање на растот во 2014 година. Но сепак, перспектива останува неизвесна“, се вели во соопштението на тројката.

„Данокот на доход, данокот на имот и кодовите за даночни процедури се реформирани, и самостојноста и ефикасноста на даночната администрација се зајакнати.

Властите исто така се обврзаа да преземат чекори за да се вратат на вистинскиот пат реформите во јавната администрација, како што се комплетирање на плановите за вработување до крајот на годината, распоредување кадар во шемата за мобилност и прераспределба, и исполнување на договорените цели за задолжително заминување од работа“, стои во соопштението.

Тројката соопшти дека со грчките власти не е постигнат договор за намалување на ДДВ во услужниот сектор за храна, но дискусиите околу ова прашање ќе продолжат. Кредиторите на Грција истакнаа дека Владата ќе мора да подготви закон за спроведување на реформите кои се договорени.

„Катимерини“ дознава дека овој закон би можел да влезе во Парламентот уште утре.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит