Изложба на Менсур Бојда во Јапонија

Од:

Серијалот на ликовни дела насловени “Моите Омилени Нешта” на уметникот Менсур Бојда ќе бидат изложени во галеријата “2-16” во Окајама, Јапонија на 7ми септември.

Изложбата е организирана во соработка помеѓу галерија “2/16” и јапонскиот куратор Риота Сато и е овозможена од културните органи од Градот Окајама.

Ова е четвртото јавно прикажување на изложбата од циклусот на работи “My Favorite Things” која Бојда ја изложува низ светот.
Менсур за прв пат ги изложи овие дела во Њујорк во 2019 и после тоа во Скопје истата година. Третата поставка на делата инспирирани од пијано дугмиња беше отворена за публика до минатата недела во галеријата на домот за култура Бранд Петрушев во Богданци. Заедно со истоимениот сериал на изложбата беше изложена и принт едиција од селектирани цртежи и слики од скорешното творештво на Менсур.

Делата се инспирирани од функционалноста, како и од изработката на пијано што создава разновидност на емоции, пораки и идеи од едноставен склоп на правила, на зададен редослед на црно-бели копциња.

Познатиот Џон Колтрајн славно рече дека главната работа што некој музичар би сакал да ја направи е да му даде слика на слушателот на многуте прекрасни работи за кои знае и ги чувствува во универзумот. Колтрајн беше мајстор за експериментирање на нова форма на џез. Експериментирање надвор од хармонична структура, понекогаш игнорирајќи го темпото, па дури и поим за соло. Неговиот стил наречен „слободен џез“ ја славеше слободата од правила и структури. Слобода од она што е прифатено или очекувано, како и слободата за замислување.

Иако делата имаат скулпторални квалитети за нив, уметникот инсистира на тоа да ги нарекуваме слики, принудувајќи нè да ги гледаме како слики. Напротив, во коментарот на Колтрајн за давање слика на слушателот, делата на Бојда му даваат звук на гледачот на она што би сакале да го слушнат или да замислат слушајки. Активирајќи ја галеријата како сцена, внимателно изработените слики и цртежи на клавирски копциња на Бојда се покани за гледачите да свират.

Менсур Бојда е ликовен уметник кој во моментов живее и работи во Њујорк. Менсур е фигуративен експресионист и неговиот интерест досега до различни ликовни дисциплини како сликарство, цртеж, графика, скулптура, илустрација и стрип.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска