Застрелал момче бидејќи му пречел во сообраќајот

Од:

Во Градската болница во Скопје вчера, околу 15:30 часот, бил донесен скопјанецот А.И.(23) со прострелна рана во пределот на ногата.

По преземени мерки е констатирано дека истиот ден околу 14:00 часот, на ул. „Џон Кенеди“, додека А.И. се возел во ПМВ „пунто“ управувано од Р.Л.(20), поради недоразбирање во сообраќајот, патот им бил попречен од ПМВ „шкода“ од кое излегло непознато лице, а откако Р.Л. не го запрел возилото и продолжил да се движи, непознатото лице од огнено оружје пукал кон возилото, повредувајќи го А.И.

Извршен е увид на местото на настанот, пронајдени се и подигнати осум чаури, а се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски