Николоски: Резултат од лошото менаџирање со пандемијата е тоа што сега македонските граѓани не можат да патуваат, a бизнисот брои 5.000 затворени фирми

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска во изјава од Центар на новинарско прашање во врска со пандемијата и фактот дека Македонија е на црна листа за патувања, истакна дека Македонја е сите црни листи со Заев на власт, а резултат од лошото менаџирање со пандемијата е тоа што сега македонските граѓани не можат ни да патуваат, бизнисот брои 5.000 затворени фирми, има 50.000 нови невработени, а 150.000 луѓе бараат работа.

-Ова е очекувано затоа што лошо е менаџирана оваа Ковид криза од страна на власта, и не само сега туку од почетокот на кризата, имаше едни хаотични мерки, после тоа Македонија беше единствена држава во регионот којашто немаше вакцини, луѓе одеа во Србија да се вакцинираат, затоа што Филипче и Заев бркаа провизии за да набават вакцини, потоа се олабавија сите мерки за наеднаш да се стегнат сите мерки, кои ги нарекувам фашистички затоа што некој може, некој не може да влегува во јавни објекти, кртикуваше Николоски.

Тој појасни дека резултат на целиот хаос со мерките е самиот факт што Европската унија и европските земји ќе ја затворат Македонија, за да македонските граѓани не можат да патуваат.

-Не е само проблем тоа што граѓаните нема да можат да патуваат, туку и бизнисот нема да може да функционира коешто ќе се одрази на економијата затоа што слушнавме дека над 5.000 илјади фирми се затворени и над 50.000 работни места се затворени, а 150.000 луѓе бараат работа во Македонија, следствено на ова Македонија е сите црни листи со Заев, затоа по овие избори промената ќе следи, истакна Николоски од Центар.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ