ЦУК: Пожар на Галичица, опасност да биде зафатена и заштитената зона од шумата

Од:

Пожарот којшто беше активен на албанска територија на планината Галичица со помош на ветрот е веќе преминат на македонска територија кај граничен Камен Ф9. Екипи на Националниот парк „Галичица“ и граничната полиција во моментов се на терен, затоа што постои опасност од проширување на пожарот и може да биде зафатена и заштитената зона од шума на Националниот парк „Галичица“, информираат од Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информации од РЦУК Охрид.

-Во моментов гори сува трева, грмушки и ниска деградирана ретка шума и поради тоа што теренот е непристапен за гасење од земја со човечка сила ќе се следи состојбата во текот на денешниот ден од страна на екипи на Националниот парк „Галичица“ и граничната полиција, велат од ЦУК.

Оттаму информираат дека во текот на вчерашниот и денешниот ден низ земјава се појавени неколку мали пожари на сува трева и стрништа, како и диви депонии коишто беа за брзо време изгаснати од страна на надлежните институции.

Би можело да ве интересира

Денеска активни се осум пожари

Отстранети опасни гранати од минатите војни од предел зафатен од мариовскиот пожар

Пет пожари активни, еден под контрола

Осум активни пожари во Македонија

А1он

Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати

Нова огнена статистика: 31 пожар на отворено, четири сè уште се активни