ВИДЕО: Преживеала пад, ја прегазиле спасувачи

Од:

Американски патолози се обидуваат да откријат дали една од двете загинати девојки, жртви при падот на „боингот 777“, во Сан Франциско ја прегазило противпожарно возило. 16-годишното девојче е пронајдено покрај тобоганот за евакуација.

-Судејќи според повредите кои се констатирани, можно е девојката во општиот метеж да е прегазена од едно од нашите возила или некое друго возило кое пристигнало на местото на несреќата. Нејзините повреди одговараат на оние кои настануваат по преминување на возило врз тело.

– Тоа сега е предмет на нашата истрага- изјави шефицата на противпожарната служба на Сан Франциско Џоан Хејис Вајт, додавајќи дека судот ќе ги разгледа видео снимките од безбедносните камери на аеродромот.

Патологот, Роберт Фукро истакна дека на телото нема трагови од поголеми изгореници, но што се случило ќе дознаат по обдукцијата.

San-Francisco-plan_2610921b

Смртта кај втората жртва настапила од повредите кои настанале кога во текот на ударот на авионот на пистата била катапултирана во висината.

Девојки Је Менг Јуан и Ванг Лин Џија патувале од Кина во САД, во летниот камп на Универзитет во Станфорд, а потоа во Христијанското училиште во Долини Сан Фернандо. Надлежните се уште работат на откривање на причините за несреќата.

Eлена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Васко Саздовски е Македонецот кој загина во несреќата во Нови Сад

А1он

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски