Заврши четиринаесеттото издание на графичката работилница „Софија“ во Богданци со традиционалната изложба на изработените дела од учесниците кои беа претставени на публиката во Домот на културата во Богданци.
Годинава на најпрепознатливиот културен настан во регионот, заради почитување на протоколите и мерките за заштита од Ковид-19, беше намален бројот на млади талентирани уметници од Италија, Хрватска, Србија и Северна Македонија кои учествуваа во работата на графичката работилница во Богданци.
За првпат на изложбата беше претставено изработеното дело во чест и незаборав на легендарниот актер во Македонските народни приказни, Ѓорги Колозов, кој потекнува од Богданци.
Одржувањето на графичката работилница чиј постојан поддржувач е печатницата „Софија“ годинава го помогнаа Општина Богданци и Министерството за култура.