(ВИДЕО) Пешевска: СДСМ својата неспособност ја преточи во сексистички напад кон Арсовска

Од:

„Деновиве сме сведоци на навредливи, дискриминирачки изјави и напади кон независната кандидатка за градоначалничка на град Скопје, Данела Арсовска, откако ја објави својата кандидатура, уште посилно откако ВМРО- ДПМНЕ поддршката на нејзината кандидатура. Политичката некултура не може да е пракса во земја, која е претендент за европска членка, бидејќи ова дефинитивно не се европски вредности“, рече Жаклина Пешевска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ својата неспособност и несигурност ја покажаа на дело и ја преточија во еден куп мизогини, сексистички напади кон Данела Арсовска.

Стравот од пораз целосно ги дезориентира, па кукавички се нафрлија кон жена.

Достоинството и рамноправната борба на претстојните локални избори ќе изостанат бидејќи уште пред да почне кампањата, високи владини функционери преку спонзорирани ФБ страни од народни пари се дрзнаа да растргнат жена, која очигледно е нивна закана.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, најостро ги осудува овие тешки, навредливи коментари и изјави. Апелирам до сите женски организации, Клубот на пратенички во Собранието, сите форуми на жените од сите политички партии да ги осудат овие појави, во спротивно ќе сметаме дека ги поддржуваат.

Истовремено, сакам да ги потсетам жените во политиката, дека ние жените започнавме кампања против насилство врз жените во политиката и во сите области во општеството. Во име на таа наша заложба да се реагира соодветно.

Поддршка за секоја жена која ќе учествува на наредните локални избори! Стоп за насилството врз жените во политиката!“, изјави Жаклина Пешевска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ