Во Израел за еден ден регистрирани 11.000 новозаразени со Ковид-19

Од:

Во Израел во изминатите 24 часа регистрирани се речиси рекордни 11.000 новозаразени лица, соопшти денеска Министерството за здравство.

Бројот на новозаразените е зголемен непосредно пред почетокот на новата учебна година.

Во последниве недели, бројот на нови случаи во земјата не престанува да расте – поради ширењето на сојот делта.

– Вчера беа пријавени повеќе од 9.000 нови случаи, а денеска – 10.947. Ова го надминува рекордот од 18 јануари – 10.118 нови случаи, соопшти Министерството.

Премиерот Нафтали Бенет изјави дека вработените во училиштата кои одбиваат да се вакцинираат ќе мора да се тестираат двапати неделно.

Во Израел, околу 5,5 милиони луѓе се вакцинирани во две дози односно 60 проценти од вкупното население.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел повторно нападна бегалски камп во Газа, има мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски