ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е најбогат градоначалник на најсиромашниот главен град на Балканот

Од:

„Петре Шилегов во текот на својот мандат се стекна со луксузна хациенда во Маврово и ја реновираше неговата луксузна куќа во Карпош. Како Петре Шилегов со плата од околу 1.000 евра месечно направи луксузна вила во Маврово која во неговиот анкетен лист пишал дека вреди 55.000 евра. За 4 години Шилегов од плата, без да ја троши за било што може да собере 48.000 евра, пари кои нема да му стигнат ниту за правење на луксузната вила, а за реновирање на луксузната куќа во Карпош воопшто не станува збор, а притоа Шилегов да не купувал храна, пијалоци, да не плаќал сметки, регистрации на возила, да не ставал гориво од свои пари итн“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали и како Шилегов успеал да собере пари повеќе отколку што заработува? Од каде му е остатокот? Петре Шилегов со пријавен имот од над 1.300.000 евра, со 4 стана, трокатна луксузна приватна зграда, неверојатнo луксузна вила на Маврово, непријавени луксузни автомобили вредни околу 100.000 евра, е побогат од градоначалникот на Белград, но и од поранешниот градоначалник на Загреб Милан Бандиќ, со речиси 20 години градоначалничка функција кој што неодамна го напушти овој свет.

Скопје е далеку зад Загреб и Белград, по големина, број на жители, инфраструктура, по развој, хигиена, и одржување, но затоа пак Скопје е далеку пред нив по луксузот и личното богатство на Петре Шилегов“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ