Мал авион кој служел како авио-такси се урна на Аљаска, при што загинаа пилотот и деветте патници, пишуваат американските медиуми.
Националниот одбор за безбедност во сообраќајот, ја потврди смртта на десетте лица, но се уште не е познат точниот број на патниците кои биле во авионот.
Од полицијата на Аљаска, Меган Питерс изјави дека авионот целосно бил во пламен, пред противпожарните служби да стигнат до него.
Се уште не е познато дали несреќата се случила во тек на полетување или не.
Елена Георгиевска