Бајден ќе го прими Зеленски во Белата куќа во среда

Од:

Претседателот на САД, Џо Бајден во среда во Белата куќа ќе се сретне со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, а посетата ја истакнува солидарноста меѓу двете земји, се истакнува во официјалното соопштение на американската Адинистрација.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, средбата ќе се одржи два дена по првично планираната дата поради зафатеност на Бајден околу ангажманите со ураганот „Ида“ и повлекувањето на војската и евакуацијата од Авганистан.

– Посетата е потврда дека САД не отстапуваат од својата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина пред продолжената агресија од страна на Русија, се вели во соопштението од Белата куќа.

Двајцата лидери исто така ќе разговараат за енергетската безбедност и напорите на официјален Киев за борба против корупцијата и реализација на реформите засновани на демократски вредности, поддржани од САД.

Една од точките за разговор треба да биде гасоводот „Северен тек-2“, околу чија изградба САД и Германија постигнаа договор.

Гасоводот се планира да биде пуштен во септември и ќе транспортира природен гас од Русија во Германија. На Запад сметаат дека е можна негова употреба од страна на Русија како геополитичко оружје.

Зеленски може да побара од Бајден гаранција во однос на транзитот на гас низ територијата на Украина откако гасоводот ќе биде пуштен во употреба.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Зеленски: Украина нема доволно сила

Зеленски: Кој ќе и помага на Русија ќе му се одзема се

Зеленски го претстави Планот за стабилност од 10 точки: Нема да се откажеме од правото на територија

А1он