Кривична пријава за измамник од Кочани кој ја злоупотребил дебитната картичка на пријател

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека е поднесена пријава против 26 годишно момче од Кочани поради сомнение дека го сторил кривичното дело „злоупотреба на лични податоци“ и „измама“.

„Пријавениот, во периодот од 03.03.2020 до 02.04.2020 година, откако претходно ги набавил личните податоци и податоците за трансакциска сметка на В.С. од село во кочанско, без негова согласност ги искористил во седум наврати за да аплицира за брзи кредити во различни финансиски друштва. Потоа, го довел во заблуда оштетениот дека треба да оствари прилив на парични средства од неговиот татко, кој е на привремена работа во Италија, и заради блокирана сметка побарал парите да бидат исплатени на негова сметка и го навел да му ја даде дебитната картичка од каде подигнал 125.453 денари“, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Малолетници соблекоа и снимаа 6-годишно дете во училиште во Кочани

А1он

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец