ДИК: Вкупно 8.791 лице се провериле во Избирачкиот список

Од:

Заклучно со вчерашниот ден вкупно 8.791 лице се провериле во Избирачкиот список, информираат денеска од Државната изборна комисија.

– Заклучно  29.08.2021 до 21:00 часот  вкупно 8791 лица се провериле во избирачкиот список, поднесени се вкупно 18 барања за запишување во избирачкиот список, 15  барања за бришење на податоците од избирачкиот список и девет барања за измена на податоците во избирачкиот список, се вели во соопштението од ДИК.

Во Државната изборна комисија, на е-маил адресата [email protected], исто така, се поднесени вкупно 25П барања.

Постапката за увид во Избирачкиот список ќе трае до 9 септември. Локалните избори се закажани за 17 октомври.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа