Утринава во периодот од 06 до 09 часот полициски службеници од ПО за БПС Неготино спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на Неготино, при што санкционирани се 17 возачи, информираат од МВР.
– Пет возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а еден со дури над 70 километри на час над дозволеното. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштија од МВР.